Фото: Маја Јаневска-Илиева

НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

– Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна – рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја користи храната како оружје и да стави крај на нелегалната војна против Украина.

Луганску истакна дека извозот на жито од Украина помогна да се намалат цените на храната ширум светот.