Реакции на меѓународната заедница на мировните преговори меѓу Русија
и Украина во Истанбул

Новата рунда мировни преговори одржани во најголемиот турски град Истанбул, најавени за вторникот и денеска, сепак завршија, па денеска нема да има средба меѓу претставниците на Русија и на Украина, пренесува руската агенција „Тасс“.
Разговорите меѓу двете страни вчера во Истанбул беа конструктивни, изјави за новинарите шефот на руската делегација, помошник на претседателот Владимир Медински. Тој додаде дека Москва презела два чекора за деескалација. Тие се првите што понудија средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски во исто време со започнувањето на мировниот договор од страна на нивните министерства за надворешни работи, што значи порано од планираното. Во вториот чекор, руските сили значително би ги намалиле своите активности околу Киев и Чернигов, пренесува „Тасс“.

Што се однесува до писмените предлози на Украина, изјави Медински, тие вклучуваат забрана за производство и распоредување оружје за масовно уништување, како и откажување од распоредувањето странски воени бази во Украина. Тој подоцна за новинарите изјави дека позицијата на Киев подразбира и одбивање да ѝ се вратат Крим и Севастопол на Украина со воена сила.

Александар Чали, член на украинската делегација, рече дека Украина се согласила да усвои неутрален и ненуклеарен статус доколку добие безбедносни гаранции, кои по содржина и форма треба да бидат слични на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО). Според него, гаранциите треба да вклучуваат воена помош и формирање зона на забранети летови за да се дојде до дипломатско решение.
Во исто време, скептичните сојузници на НАТО проценуваат дали ветувањето на Русија за намалување на воената активност во Украина претставува пресвртница во конфликтот или едноставно тактичка промена бидејќи и натаму пристигнуваат извештаи за напади во близината на Киев, пишува „Блумберг“.

„Вратата на дипломатијата секогаш ќе биде отворена, но мислам дека не можете да му верувате на она што излегува од воената машинерија на Путин“, изјави за Скај њуз вицепремиерот на Обединетото Кралство, Доминик Рааб. „Тие конечно треба да бидат тестирани според нивните постапки и треба да се повлечат од Украина, а не само да ги менуваат позициите“, изјави Рааб за радиото Тајмс. „Но мислам дека имаме многу скептичен поглед на сè што доаѓа од Москва“, рече тој.

Министерството за одбрана на САД во вторникот соопшти дека верува оти ветувањето на Русија за значително намалување на интензитетот на борбите во северна Украина е само тактички маневар и предупреди на можноста од нови напади во други делови на земјата, објави „Блумберг“.

„Никој не треба да се залажува со руска изјава“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Украинците не се наивни луѓе“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот доцна навечер како реакција на руската најава за намалување на воената активност. „Украинците веќе научија за време на овие 34 дена инвазија и во текот на изминатите осум години од војната во Донбас, дека единственото нешто во што можам да верувам е конкретен резултат“, заклучи Зеленски.

Вреди да се напомене дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, слета во Кина во својата прва посета по инвазијата. Пекинг се бореше за конзистентен одговор на војната, поддржувајќи го објаснувањето на Владимир Путин за инвазијата, но изразувајќи загриженост за цивилните жртви и заговарајќи преговори за прекин на борбите, пишува „Блумберг“.

Подготвил: Марјан Велевски