Државната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс, соопшти дека е подготвена да започне процес на конфискација на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој не може да ги плати 454,8 милиони долари утврдени со пресудата.
Во петокот, на Трамп му беше наредено да плати 354,8 милиони долари и дополнителни 100 милиони долари камата, откако судијата Артур Енгорон утврди дека поранешниот претседател на САД погрешно ја претставил својата нето вредност за да добие подобри услови за заем.
– Доколку нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на суд и ќе побараме од судијата да му го заплени имотот, рече Џејмс во интервју за „Еј-би-си њуз“.