Фото: принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на претседателските избори во 2024 година како независен кандидат, изјави лидерот на „Праведна Русија“, Сергеј Миронов.

Тој на маргините на состанокот на иницијативната група за предлагање на Путин за шеф на државата, истакна дека Путин нема да биде кандидат ниту за Единствена Русија, ниту за Праведна Русија, туку дека ќе собира потписи.

– Денеска на состанокот на организацискиот одбор ќе биде објавено дека Путин не доаѓа како кандидат од ниту една партија – ниту од Единствена Русија, ниту од нашата. Ќе собира потписи – рече Миронов.