Кремљ тврди дека претседателот Владимир Путин ги ставил руските нуклеарни сили за одвраќање во висока готовност по изјавите на министерката за надворешни работи на Велика Британија Елизабет Трус, пренесува Гардијан.
Според новинската агенција Интерфакс, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите одлуката за поставување во состојба на готовност на оружјата за одвраќање, меѓу кои и нуклеарното, ја правда со изјави од западни дипломати, пренесува Гардијан.
– Беа дадени изјави од различни претставници на различни нивоа за можни препукувања, па дури и конфликт и судири меѓу НАТО и Русија. Сметаме дека таквите изјави се апсолутно неприфатливи. Не би ги именувал авторите на овие изјави, иако тоа беше британската министерка за надворешни работи – прече Песков, пренесува МИА.
Би-би-си посочува дека не е јасно на кои коментари на Трус се противи руската влада, иако во неделата таа рече дека ќе поддржи поединци од Велика Британија да се приклучат на меѓународните сили за да се борат за Украина.