Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за надворешни работи упати апел до нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да заминат од земјата и да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

Како што се наведува во соопштението од МНР, предупредувањето следи поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија, со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и земјава, за затварање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.
Соодветно, се повикуваат сите наши државјани кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања таму.

За поддршка на нашите државјани кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните контакти на Амбасадата:
+ 74 99 124 33 57 (фиксен)
+ 79 58 643 34 63 (мобилен)
е-mail: [email protected]
[email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

-Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани – стои во соопштението.