Четири млади лица се пронајдени утрово во бессознание во нивниот дом во Ксанти, Грција, по труење со гас, јавува грчкиот портал Ксанти њуз. Како што се дознава, еден малолетник (16) починал, додека неговите три сестри се во тешка состојба.
Според локалниот медиум, трагедијата се случила по истекување на природен гас од резервоар лоциран во дворот на семејната куќа. Починало 16-годишното момче, додека неговите сестри на 15 и 18 години се во многу лоша состојба и биле интубирани. Најстарата сестра на 20 години е во подобра состојба во однос на нив, но сепак лоша.
Мајката и таткото се исто така хоспитализирани, но нивните животи се надвор од животна опасност.
Полицијата и пожарникарите вршат увид за утврдување на причините кои довеле до оваа трагедија. Неофицијалните информации сугерираат дека во куќата биле вршени градежни работи непосредно пред трагедијата.