Министерот за одбрана на Молдавија, Анатолиј Носати изјави рече дека земјата побарала од западните партнери системи за противвоздушна одбрана, спротивно на досегашната политика да не купува смртоносно оружје од Запад.
Носати, кој минатата недела присуствуваше на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во американската база Рамштајн во Германија, за Радио Слободна Европа изјави дека шансите на Молдавија да добие такво одбранбено оружје се мали во време кога главен приоритет на западните сојузници е испорака на оружје за Украина.
Сепак, тој додаде дека „во тек“ се разговорите на Молдавија со западните земји за испорака на системи за противвоздушна одбрана.
Молдавија го промени ставот за набавка на западно оружје откако неколку руски ракети паднаа на нејзина територија, во близина на границата со Украина, и беа соборени од украинските сили. Руските ракети лансирани од Црното Море кон цели во западна Украина, исто така, често пати летаат над североисточна Молдавија.
– Војната во Украина покажа дека статусот на неутралност на Молдавија и дискусиите за демилитаризација на Молдавија повеќе не се веќе актуелни – изјави Носати за РСЕ.
Украинските власти постојано предупредуваа дека Русија може да го искористи молдавскиот регион Придњестровје, кој еднострано прогласи независност во 1990 година, за воени операции против Украина или Молдавија. Во Приднестровје, област што граничи со Украина, сè уште има стотици руски војници распоредени пред падот на комунизмот, и покрај приговорите на Кишињев.