Колку повеќе оружје се испорачува на Киев, толку светот ќе биде во поголема опасност – изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, а пренесе „Ројтерс“.
Поранешниот руски претседател исто така, изјави дека колку е подеструктивно оружјето што му се доставува на Киев, толку „поверојатно е сценарио за нуклеарна апокалипса“ во светски рамки.
Портпаролот пак на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, или преку својата „специјална воена операција“ или преку други средства, пренесе „Тас“.
Запрашан дали Русија размисли за замрзнување на конфликтот, Песков рече:
– Русија го зема предвид само завршувањето на својата специјална воена операција: обезбедување на своите интереси, постигнување на целите на Русија или преку специјална воена операција или со други расположливи средства – изјави Песков.