фото: Пиксабеј

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по маж кој е осомничен дека „извршил повеќекратно убиство“ во Градачац, на северот на Босна и Херцеговина. Информацијата за медиуми ја потврдил министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ.

Претходно МВР при кантонот Тузла соопшти дека во Градачац имало „употреба на огнено оружје од машко лице, при што, според првичните информации, неколку лица се повредени“.

„Интензивно се трага по лицето. За настанот е известен кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На терен се испратени и екипи на Полициската специјална единица за поддршка“, соопшти МВР на кантонот Тузла.

Сојузното Министерство за внатрешни работи и Федералната полициска управа потврдија дека сите свои капацитети им ги ставиле на располагање на МВР на кантонот Тузла и на надлежното обвинителство.

Босанските медиуми пишуваат дека маж ја убил сопругата и уште две лица, а снимката одела и на Инстаграм.