Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон „не ја исклучува“ можноста за посета на Москва или Киев, но смета дека сега „не се исполнети условите“ за тоа, јави дописникот на МИА.

– Не исклучувам ништо и каква било политичка иницијатива, но тоа ќе го направам кога ќе сметам дека може да има корисен и опиплив резултат – изјави францускиот претседател на маргините на средбата со украинските бегалци во Мен-ет-Лоара.

Прашан за можноста тој да патува во Русија или Украина, додека полскиот, чешкиот и словенечкиот премиер отпатуваа за Киев, Макрон рече дека „не исклучува никакво патување, но тоа не е планирано во следните неколку часа или следните неколку дена“.

– Во моментов ќе продолжам да работам со нашиот метод, ќе продолжиме со дискусии, ќе продолжиме со интензивна работа во Европа и ќе го направиме тоа со перспектива на Европскиот совет следната недела. А потоа, исто така, да ги прошириме нашите дипломатски иницијативи со САД, Кина, за да „се обидеме да го произведеме ова корисно дипломатско решение преку преговори, прво прекин на огнот и решавање на конфликтот – рече Макрон.