Фото: Макрон / Инстаграм

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека амбасадорот на неговата земја во Нигер, Силвен Ите, е „буквално земен како заложник“ од воената хунта и дека добива само „воени оброци“.

-Во Нигер, додека ви зборувам, имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се земени како заложници во француската амбасада – рече Макрон за време на посетата на Сејмур-ан-Осоа, источна Франција.

-Тие ги спречуваат да добијат храна. Тој (амбасадорот) јаде воени оброци – додаде францускиот претседател.

Војската го собори претседателот Мохамед Базум и ја презеде власта во Нигер на 26 јули.