Фото: Лавров/инстаграм

Русија ќе ја блокира завршната декларација од Самитот на Г-20, доколку се игнорира нејзиниот став за Украина и другите кризи – изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година, ќе биде претставник на Русија на Самитот на Г-20, што ќе се одржи на 9 и 10 септември во Њу Делхи.

– Друга опција е да се усвои документ, кој ќе се фокусира на конкретни одлуки во сферата на надлежностите на Г-20, а за другите прашања секој поединечно го изнесе својот став – посочи Лавров.