Фото:Сергеј Лавров / инстаграм

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека конфликтот меѓу Русија и Западот повеќе не може да се дефинира како „хибридна војна“, туку дека е се поблиску до вистинска војна.

Лавров го осуди Западот за испраќање оружје во вредност од милијарди долари во Украина, објави Ројтерс.

Лавров рече дека Украина ги отфрла мировните преговори и посочи дека колку подолго трае конфликтот, толку потешко ќе биде да се дојде до решение.