Илустрација / Фото: Пиксабеј

Командантите на воздухопловните сили на Шведска, Норвешка, Финска и Данска денеска соопштија дека потпишале писмо со намери за создавање обединета нордиска противвоздушна одбрана со цел да се спротивстават, на како што наведоа, „растечката закана од Русија“.

Британските медиуми најавуваат дека намерата на нордиската противвоздушна одбрана е да се дејствува врз основа на веќе познатите методи на дејствување во рамките на НАТО.

-Идејата за интегрирање на воздухопловните сили беше иницирано на почетокот на руската инвазија врз Украина – изјави командантот на данските воздухопловни сили, генерал-мајор Јан Дам.

На потпишувањето на писмото со намери, во воздухопловната база Рамштајн, во Германија, минатата недела присуствуваше и шефот на воздушната команда на НАТО, генерал Џејмс Хекер, кој е и одговорен за воздухопловните сили на САД во регионот.

Шведска и Финска минатата година се кандидираа за членки на НАТО, а нивните барања се уште треба да бидат ратификувани од Турција и Унгарија.