Заменик-министерот за внатрешни работи на Украина Јевгениј Јенин изјавил дека разговорите меѓу руската и украинската делегација ќе се одвиваат на украинско- белоруската граница во близина на на реката Припјат и ќе се одржат во понеделник наутро по локално време, пренесуваат медиумите.

Руско-украинскиот конфликт е во својот 4 ден а за него, денеска Украина и официјано поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд во Хаг.