Фото: Принтскрин

Јордан побара од САД да распоредат систем за противракетна одбрана „Патриот“ за да ја засилат одбраната на границите, бидејќи војната меѓу Израел и Хамас во Газа предизвикува закана.

– Побаравме од американската страна да помогне во зајакнувањето на нашиот одбранбен систем со ракетни системи за противвоздушна одбрана Патриот – изјави портпаролот на армијата на Јордан за државната телевизија.

– Дроновите станаа закана на сите наши фронтови – изјави бригадниот генерал Мустафа Хијари.

Тој негираше извештаи на социјалните мрежи дека американските воени бази во Јордан се користат за транспорт на воена опрема и оружје од складиштата во државата кон Израел.