Фото: Пиксабеј

Израел денеска лансираше нова верзија на својот шпионски сателит Офек и рече дека ќе го подобри висококвалитетното надгледување на военото разузнавање – пренесува Ројтерс.

„Офек -13“, произведен од Израел Аероспејс индусти (ИАИ), е последниот во серијата домашни сателити кои првпат беа лансирани во 1988 година.

– Тој беше лансиран со ракета Шавит над Средоземното Море, траекторија на запад што Израел обично ја избира како мерка на претпазливост за да спречи чувствителните технологии да паднат во рацете на непријателските соседи на Блискиот Исток во случај на дефект – наведува британската агенција.

– „Офек-13“ е најнапредниот во својата класа, со уникатни способности за радарско набљудување и ќе овозможи собирање разузнавачки податоци во сите временски услови и при намалена видливост – рече извршниот директор на ИАИ, Боаз Леви.