Илјадници лекари во Англија денеска започнаа штрајк за зголемување на платите што ќе трае до 2 јули, пренесе Бета.
Младите англиски лекари, кои го формираат столбот на болничката нега, по единаесетти пат штрајкуваат поради несогласувањата со власта за платите и условите за работа, овој пат непосредно пред парламентарните избори во Велика Британија најавени за 4 јули, каде што е веројатна целосна промена на владата.
Синдикатот вели дека помладите лекари заработуваат околу 15 фунти (19 долари) на час, само пет фунти повеќе од минималната плата во Велика Британија од околу 10 фунти на час.
Британското лекарско здружение, синдикатот на лекарите, бара зголемување од 35 отсто.
Владата со конзервативно мнозинство минатата година ги зголеми платите на лекарите за меѓу 8,1 и 10,3 отсто, велејќи дека е „дарежлива“.
Претходно во јануари се одржа шестдневен штрајк, најдолг во историјата на британското здравство, поради што беа откажани десетици илјади прегледи и операции.