Палестинската група Хамас соопшти дека ќе прифати договор за размена на затвореници само ако Израел се согласи на целосен прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.
-Враќањето на (израелските) окупациски затвореници има три цени. Првата е олеснување на враќањето на нашиот народ во нормален живот. Второто е крај на агресијата, а третото е вистинска размена на затвореници во која би биле ослободени нашите 10.000 затвореници во израелските затвори – изјави Халил ал Хаја, член на политичкото биро на групата, во интервју за катарската „Ал Џезира ТВ“.
Тој рече дека Израел, кој е обвинет за геноцид, одбива да се повлече од Газа и не дозволува раселените Палестинци да се вратат во своите домови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „заблуда“ предлогот на Хамас за прекин на огнот и размена на затвореници.