Фото/Илустрација: Пиксабеј

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го отпушти директорот на Федералната канцеларија за сајбер-безбедност (БСИ) Арн Шонбом поради неговата наводна блискост со руските разузнавачки кругови.

– Обвинувањата против Шoнбом ја нарушија довербата на јавноста неопходна за извршување на функцијата шеф на најважната германска институција за сајбер безбедност – се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Партиите од владејачката коалиција, Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) ја поддржуваат одлуката на социјалдемократскиот министер, додека опозициските демохристијани зборуваат за „жртвување пион“.

Медиумите шпекулираат дека одлуката на Фезер е поврзана со критиките кон Шoнбом поради неговото членство во Здружението за кибер-безбедност на Германија, кое е тесно поврзано со руските разузнавачки кругови и кое сега веќе поранешниот директор на БСИ самиот го основал пред десет години.