Фото: принтскрин

Илјадници луѓе се собраа денеска во Берлин на протест против вооружувањето на Украина за војна со Русија.

Протестот го организираше истакнатата левичарска политичарка Сара Вагенкнехт, пратеник од поранешната комунистичка партија Левица.

– Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!… Затоа што секој изгубен ден чини уште 1.000 животи – и нѐ приближува до Третата светска војна“, – објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.

На еден од транспарентите пишуваше „Преговарај, не ескалирај“, додека на друг пишуваше „Не е наша војна“.

Портпаролот на полицијата рече дека околу 10.000 луѓе се собрале пред Бранденбуршката порта во центарот на Берлин.

Полицијата мобилизираше 1.400 членови за да го зачува мирот и да ја спроведе забраната за носење воени униформи, руски и советски знамиња, пеење руски воени песни и истакнување десничарски симболи. Портпаролот на полицијата рече и дека десничарските групи не учествувале на протестот, кој поминал мирно.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер напиша на Твитер дека кој не е со Украина е на погрешната страна на историјата.