Вчера започна националниот штрајк на француските синдикати, со кој се бараат повисоки плати во услови на највисока инфлација во последните децении, што ќе биде еден од најтешките предизвици на претседателот Емануел Макрон по реизборот во мај. Штрајкот, кој најпрво ќе ги погоди јавните сектори, како што се училиштата и транспортот, е продолжување на повеќенеделниот штрајк што ја наруши работата на големите рафинерии и снабдувањето со бензински пумпи. „Еуростар“ соопшти дека поради штрајкот се откажани некои возови меѓу Лондон и Париз.
Како што се зголемуваат тензиите во втората по големина европска економија, штрајковите веќе се прелеаја и во други делови од енергетскиот сектор, вклучувајќи го и нуклеарниот гигант ЕДФ, каде што работите на одржување, клучни за снабдувањето со енергија во Европа, ќе бидат одложени. Претставник на синдикатот во понеделникот изјави дека штрајковите влијаат на работата на десет нуклеарни централи, со дополнително одложување на одржувањето на 13 реактори и намалено производство на електрична енергија во Франција за вкупно 2,2 гигавата.
Во јавниот превоз се очекуваат големи прекини во локалниот сообраќај, вклучувајќи ги и „Еуростар“, возовите и меѓуградските возови, како и париската железница.