Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин.
– Седумдесет и седум години подоцна, претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина со неиспровоцирана агресија. Неговите постапки се срамни за Русија и историските жртви на нејзиниот народ – се наведува во изјавата.
Лидерите, на кои на онлајн состанокот им се придружи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветија дека „постепено ќе ја укинат зависноста од руската енергија, вклучително и увозот на нафта“.
Тие го повикаа претседателот Путин да ја прекине блокадата што го попречи производството на храна во Украина и ветија дека ќе продолжат со кампањата против финансиските елити кои го поддржуваат шефот на руската држава.