Фото: Маја Јаневска-Илиева

Одлуката на Русија да престане да испорачува гас за клиентите во Европа е „инструмент за уцена“, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен,.

Потегот е „неоправдан и неприфатлив“ и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас, додава таа.

Фон Дер Лајен рече дека земјите-членки на ЕУ имаат планови за вонредни ситуации за вакво сценарио и оти Европската комисија е во близок контакт со нив за да обезбеди алтернативни испораки и најдобри можни нивоа на складирање низ целата Унија.

Таа информира дека е во тек состанок на координативната група за гас за да се утврди координирана реакција на ЕУ.

– Ние, исто така, ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови – и ќе продолжам да работам со европските и светските лидери за да се обезбеди безбедност на снабдувањето со енергија во Европа – рече Фон Дер Лајен.

– Европејците можат да сметаат на нашата целосна поддршка – подвлече шефицата на Европската комисија.