Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.
– Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир – напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск.
Претседателката на ЕК додаде дека со украинскиот претседател разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заслужи своето место во европското семејство.