Околу 4,2 милиони граѓани на земји кои не се членки на Европската унија, од кои повеќето избегаа од Украина поради руската војна, се под привремена заштита во ЕУ, покажуваат најновите податоци.
„Евростат“ објави дека најмногу корисници на привремена заштита од Украина има во Германија, со 1,12 милиони (27 отсто од вкупниот број во ЕУ) – пренесува „Анадолија“. Следуваат Полска со 975.190 и Чешка со 376.885.
Во споредба со јули, најголем пораст на бројот на корисници е забележан во Германија, Чешка и Романија, додека пад е забележан во Полска, Франција и Луксембург.
На крајот на август, украинските граѓани сочинуваа повеќе од 98,3 отсто од оние кои се под привремена заштита.
Поради војната во Украина, која започна во февруари 2022 година, луѓето се принудени да бегаат во соседните региони, особено во европските земји.