Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во интервју објавено денеска за шпанскиот весник „Периодико“ уверува дека ЕУ не сака Русија да биде „уништена“.
-Ние не ја поддржуваме Украина за да постигнеме политички промени во Русија и, искрено, не сакаме Русија да биде уништена – изјави Борел.
Според него, не сите европски земји имаат ист став кон конфликтот.
-Постои страна која е скептична за последиците од санкциите, која смета дека тие не функционираат и не требаше да бидат наметнати затоа што на тој начин си пукавме во нога. Јас не ја споделувам таа анализа, туку таа страна гласа за сите предложени санкции. Таа е скептична, не верува во нив, но не го нарушува единството – истакна Борел.
Првиот дипломат на ЕУ не исклучи дека пристапот на заедницата кон ситуацијата во Украина е „премногу постепен“.
-Би било подобро, наместо тримесечни дискусии за тоа дали да се испратат или не тенковите Леопард, да ги испративме порано. Русија може да произведува оружје и има многу поголеми залихи од она што го имаме и кое брзо се искористува. Ќе произведеме повеќе (муниција), но додека трае производството, дајте и на Украина тоа што го имаме – смета Борел.