
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека блокот од 27 нации е подготвен да помогне по силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што ги погоди Мјанмар и Тајланд.
– Потресни сцени од Мјанмар и Тајланд по разорниот земјотрес. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Подготвени сме да обезбедиме поголема поддршка – напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.