Фото: принтскрин

Вулканот Анак Кракатау на западот на Индонезија денеска исфрли огромни облаци од вулканска пепел до висина од околу 2500 метри. Беа забележани четири ерупции, соопштија официјалните лица, при што втората по големина уисфрли облак од пепел и чад на 1.500 метри над кратерот.

Во 2018 година, кратерот делумно се урна кога силна ерупција исфрли големи вулкански камења во океанот, предизвикувајќи смртоносно цунами. Тогаш животот го загубија повеќе од 400 луѓе, а стотици беа повредени.

Засега не е забележана штета во денешната ерупција и нема повредени.

Анак Кракатау, се наоѓа на врвот на теснецот што ги дели островите Јава и Суматра. Најсмртоносната ерупција на Кракатау се случи во 1883 година, која се проценува дека загинале околу 35.000 луѓе.

Индонезија е на Пацифичкиот огнен прстен со зголемена сеизмичка и вулканска активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.