Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко рече дека на претстојната средба со Путин ќе разговара за прашања од стратешки карактер, пред се за економијата.

– Ќе разговараме за воено-политичката ситуација околу нашите земји. Се разбира, ќе зборуваме и за одбранбена способност и безбедност. Но, најважна е економијата – нагласи Лукашенко.

Белорускиот лидер рече дека Минск никогаш нема да биде непријател на Москва.

– Суверенитетот и независноста на Белорусија се непоколебливи. Во исто време, Белорусија никогаш нема да биде непријател на Русија – изјави тој.

Шефот на државата истакна дека ниту една од заедничките програми не навлегува во суверенитетот и независноста на Белорусија.

– Да, ние сме со Русија. Како суверена и независна држава – нагласи белорускиот лидер.

– Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 19 декември ќе престојува во работна посета на Белорусија, каде со својот белоруски колега Александар Лукашенко ќе разговара за стратешкото партнерство и интеграцијата – соопштија од прес-службата на Кремљ.