Фото: Пиксабеј/илустрација

Албанската јавност попладнево ја вознемири тежок вооружен инцидент што се случил во селото Балдре, во близина на Лежа, при што биле убиени сопружници, пренесе МИА.

Според првичните информации, врз автомобил марка „Ауди“ во движење, во кој се наоѓале жртвите, било отворено оган од автоматска пушка од друго возило во движење. Напаѓачите веднаш избегале од местото на настанот.

Двете лица починале во возилото, кое било изрешетано со куршуми.

Мажот е идентификуван како Крешник Мујечи, за кого албанските медиуми наведуваат дека имал криминално досие. Тој бил уапсен во 2017 година како соучесник во убиство на 47-годишен маж извршено во 2016 година, заедно со неговиот брат.

Во Албанија овој викенд се регистрирани и повеќе жртви во сообраќајот. Во неколку сообраќајни несреќи загинале пет лица, а десетина се повредени.