Фото: ЕПА

Командата на израелската армија (ИДФ) објави упатства со кои им укажува на Израелците да се погрижат да се снабдат со храна и вода за најмалку 72 часа.

-Кампањата може да биде долга и важно е секое семејство да се погрижи да има вода, храна, лекови и потребна опрема за итни ситуации – се вели во соопштението.

Тие препорачаа луѓето да проверат каде е нивното најблиско засолниште за заштита од бомбардирање.