Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за ембарго за увоз на руска нафта. Покрај Унгарија, против забраната за руската нафта се изјаснија и Словачка, Чешка и Бугарија.
Разговорите за ова прашање ќе продолжат утре, информира Гардијан.
Како што пренесе Бгнес, бугарскиот вицепремиер рече дека неговата земја ќе побара исклучок доколку проектот на ЕУ предвидува таков механизам.
– Технолошки, Бугарија може без руска нафта, но тоа би довело до значително зголемување на цените на горивото. Затоа, ако Европската комисија разгледа исклучоци, ние би сакале да ги искористиме – изјавил тој за весникот „Капитал“.