Фото: Маја Јаневска-Илиева

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел телефонски разговараше со шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, за напорите на ЕУ да ја забрза воената поддршка на Украина.

– Повторно разговарав со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за напорите на ЕУ да ја забрза воената поддршка на Украина, особено кога станува збор за системите за противвоздушна одбрана и муницијата. Им се обраќам на земјите-членки на ЕУ да ги поканат да ја идентификуваат достапната опрема што ѝ е потребна на Украина – напиша Борел на платформата Х.

Тој изјави дека на следниот заеднички состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, на 22 април, „мора да се здружиме со опипливи заложби и акција“.

– Украина не може да чека – додаде шефот на европската дипломатија.

Кулеба изјави дека украинската страна знае каде се наоѓаат системите „Патриот“ и работи на сите нивоа на зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

Украинското Министерство за надворешни работи на својот канал на Телеграм, соопшти дека Кулеба и Борел разговарале за „чекорите преземени во согласност со инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за испорака на дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина“.