Соединетите Американски Држави ќе обезбедат дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина за борба против руската инвазија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
-Овој пакет ќе вклучува дополнителна смртоносна одбранбена помош за да и помогне на Украина да се справи со оклопните, воздушните и другите закани со кои се соочува-се вели во изјавата на државниот секретар.
Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Џо Бајден го овластил Блинкен да обезбеди до 350 милиони долари итна поддршка за безбедноста и одбраната на Украина.
Изјавата доаѓа по 40-минутниот разговор меѓу Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно, за време на кој тие разговарале за „конкретна одбранбена помош“.