Војната што Русија ја води во Украина ќе трае уште „многу месеци“, оцени денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– Тоа би можело да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но ние не гледаме никаков знак во таа насока во оваа фаза…се уште гледаме конфликт што ќе трае многу месеци – рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон.
– Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји – додаде Бликен.
Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции“ на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.
– Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Да бидеме јасни: најдобар начин да се избегне ескалација е Русија да стави крај на агресијата и војната што ја започна – изјави Блинкен на новинарите како одговор на критиките на Москва за новата американска испорака на оружје до Украина.