Фото: Твитер /Руско МНР

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека секакви разговори за прекин на конфликтот во Украина се бесмислени без руско учество.

Захарова, исто така, рече дека мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски, која повикува на целосно повлекување на руските сили од сите територии што ги окупираа, не го приближува мирот, туку го продолжува конфликтот – пренесе „Ројтерс“.

Швајцарија претходно овој месец објави дека ќе биде домаќин на дводневна конференција од 15 до 16 јуни за постигнување мир во Украина.

Русија одговори дека нема да учествува, а Кремљ посочи дека идејата за одржување мировни преговори без Русија е смешна.

Захарова, исто така, изјави дека секое нуклеарно оружје распоредено во Полска ќе стане легитимна цел во случај на вооружен конфликт со НАТО.