Фото: Аналена Баербок/твитер

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на состанокот посветен на феминистичката надворешна политика, упати апел поголем број жени да учествуваат во решавањето на меѓународните кризи и конфликти.

– Ниту едно општество на Земјата не може да биде успешно ако исклучи половина од своето население – посочи Бербок.

Состанокот на жени министри за надворешни работи од Азија, Африка и Европа, што се одржува во главниот град на Монголија, Улан Батор, е посветен на улогата на жените во промовирањето на мирот и безбедноста.

– Треба подобро да се организираме за да соработуваме, но и да учиме еден од друг – истакна Бербок.

Таа додаде дека да се зборува за универзални човекови права значи и да се зборува за правата на жените, што е „во согласност со трите „Р“ – права, застапеност и ресурси (на англиски Rights, Representation, Resources). И додека дека ако трите „Р“ не се еднакви за мажите и жените тогаш нешто не е во ред со општеството“.

Бербок со концептот на феминистичка надворешна политика планира повидливо да ги вклучи жените во механизмите за решавање на конфликти и меѓународните кризи.