Кина би можела да игра одлучувачка улога во завршувањето на војната во Украина, изјави на денешната заедничка прес-конференција шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок и нејзиниот кинески колега Чин Ганг.
Таа истакна дека Кина, како постојана земја-членка на Советот за безбедност на Обединети нации може да влијае врз судирот и да стави крај на истиот.
– Кина нема да го гледа огнот од другата страна на брегот или да долева масло на огнот – одговори Чин.
Шефот на кинеската дипломатија од вчера до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка.
Предвидени се средби на Чин и со француската и норвешката министерка за надворешни работи, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд.