Фото: З.А.

-И оваа пролет на територија на општина Кичево ќе бидат засеани и засадени исти површини како и во претходните неколку години, што значи дека нема намалување ниту зголемување на обработените земјоделски површини во овој регион – потврди раководителот на Подрачното одделeние за земјоделие Снежана Софрониевска.

-Оваа пролет во нашата општина ќе бидат засеани 744 хектари под житни култури – 22 хектари ќе се засеат со пролетен јачмен,720 хектари со пченка и само 2 хектари со овес. Сите површини што ќе бидат засеани со овие култури се на индивидуални земјоделци. Што се однесува до градинарски култури, годинава ќе бидат засадени 310 хектари и тоа 250 хектари со компир, 25 хектари со домати и 35 хектари со пиперки. Во овој регион со фуражни култури ќе бидат засеани вкупно 102 хектари – луцерка 62 хектари, пченка 40, односно со сите култури ќе бидат засеани вкупно 1.156 хектари. Од нив, 1.084 од страна на индивидуални земјоделски производители и само 72 хектари од земјоделски претпријатија и тоа луцерка и фуражна пченка – истакна Софрониевска.

Таа потсети дека за оваа пролет се обезбедени доволни количества семенски материјал за земјоделците од овој регион, како и средства за заштита од болести. З.А.