Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок го покани рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, на разговор во врска со приведувањето на две лица осомничени за шпионажа во корист на Русија, пишува весникот „Билд“.
Германското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека вршеле разузнавачки активности во корист на Русија.
Обвинителството изјави дека се работи за германско-руски државјани. Германските обвинители исто така обвинија дека двајца мажи, Дитер С. и Александар Ј. уапсен под сомнение дека се руски шпиони кои подготвувале бомбашки напади во Германија.
Дитер, според обвинителството, бил во контакт со руски разузнавач од октомври 2023 година и учествувал во заговор за предизвикување бомбашки и подметнати напади во Германија, вклучително и во американските воени бази.
Целта на тој заговор била да се поткопа воената помош што Германија и ја дава на Украина, а Дитер собирал информации за цели на потенцијален напад, пренесе „Дојче веле“.