Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува ЕМСЦ.
Регистриран е во 7.42 часот по локално време.
Епицентарот бил на 29 километри од Мостар, на длабочина од девет километри.
Два послаби земјотреса синоќа се регистрирани и во Загреб, Хрватска. Посилниот од двата земјотреса бил со јачина од 2,8 степени и се случил во 1.58 часот.