Фото: Фејсбук / Александар Вучиќ

Српскиот претседателот, Александар Вучиќ, на прес-конференција во Тирана изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан најмногу се зборувало за енергетиката и за воведување санкции против Русија, а Србија е единствената земја во регионот која ги нема воведено. Во официјалната декларација на Самитот се најде и таа точка, а Вучиќ рече дека не е природно Србија да учествува во таа политика поради штетата што ќе ја претрпи од нејзиното воведување, јави МИА.

-Реков дека имаме свој став, но дека добро ја разбравме пораката на ЕУ, многу добро јас ја разбрав и преку дискусијата на осум или девет претставници на ЕУ денес, рече тој, додавајќи дека директно одговарал на прашањата на претставниците на ЕУ и оти за тоа тие не одлучуваат.

-Ќе ги прашам луѓето во Србија, парламентот во Србија и владата на Србија, а помалку ќе се прашам и јас – рече Вучиќ.

На прашањето дали стои зад усвоената декларација од Самитот, Вучиќ одговори дека „не може ниту да седи ниту да стои зад декларацијата бидејќи не ја напишал“.

-Но, немам против да ги напишат фактите дека ние не воведовме санкции. Мо жам да се налутам кога ќе кажат нешто за Косово и Метохија што не е факт, но сакал или не, тоа е факт. Што јас одговорив, не можам да детализирам, но реков дека овој однос кон санкциите е однос кон нас Србите, рече тој.