Словенија
Членовите на Кавачкиот и на спротивставениот Шкаљарски криминален клан очигледно имале намера да извршат ликвидации во Словенија, но словенечката полиција им ги попречила плановите. Како што јави Радио Прва, полицијата спровела акција за спречување на организираниот криминал. Притоа се уапсени три лица, соопштуваат оттаму и додаваат дека на едно лице му била потребна лекарска помош поради полесни повреди.
Полициската управа на Љубљана објасни дека полициските службеници спроведувале мерки во рамките на истрага за кривично дело за кое се гонат осомничените, која ја спроведе надлежното државно обвинителство. Како што наведоа, при апсењето не било употребено огнено оружје и не била загрозена безбедноста на други лица.
За време на акцијата во Пиран, полицијата го затворила Белокришкиот пат и го пренасочила сообраќајот. Р.С.