Србија

Србија сè уште ја има најмногубројната армија на територијата од поранешна Југославија, која опфаќа околу 40 отсто од бројот на сите армии создадени по распадот на СФРЈ, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа. Според порталот, кој се занимава со безбедносни анализи, Србија во моментов располага со околу 22.500 активни воени лица. Веднаш зад неа е Хрватска со 14.836 војници и БиХ со 14.431. На четвртото место на листата се наоѓа Македонија, со 6.850 активни воени лица, следува Словенија со 5.889 војници и на крајот e Црна Гора со 1.720 лица како активен воен персонал.
– За разлика од другите, Србија има голем број институции за образование, воена медицинска заштита, истражување и развој на оружје и логистика. Некои од нив се Воената академија, Воено-техничкиот институт, Воено-медицинската академија, Воената болница во Ниш и институтите во Чачак, Крагуевац и Батајница – наведува порталот.