Фото: Архива

Случаите на застрелани со воздушна пушка автобуси, трамваи и тролејбуси од јавен превоз се почести во Софија. Ова за БНР го соопшти Марио Евстатиев, кој е експерт во Комисијата за транспорт и безбедност на патиштата и раководител на „Двокатните линии“ во „Столичен автотранспорт“.

„Додека минатата година се зборуваше за рецидив во Пловдив, таквите случаи во Софија веќе се повеќе од 10 во последните три месеци. Таквото пукање, особено на возилата во движење, може да доведе до сериозни последици, вклучително и жртви“, коментира тој.

Според него, изминативе денови имало два случаи во кои со воздушна пушка било пукано врз автобуси додека биле на последната станица во квартот „Гео Милев“ во главниот град.

Според Евстатиев, тоа е опасна игра за тинејџерите.