Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, доаѓа во Приштина и во Белград за да го поддржи дијалогот меѓу двете страни, јавија српски медиуми пренесувајќи изјава на портпаролот на Стејт департментот за „Танјуг“.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак доаѓа со Ескобар во Приштина и во Белград – утре ќе пристигнат во Приштина, а в четврток во Белград.
Посетата е по неуспешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, кога српскиот претседател Александар Вучиќ и претставникот на Приштина Аљбин Курти се сретнаа во Брисел.
Ескобар и Лајчак на почетокот на февруари годинава последен пат заедно ги посетија Приштина и Белград.