Фото: Принтскрин

На седница на Собранието на Нови Сад се расправаше за предлогот на опозицијата за разрешување на Милан Ѓуриќ од функцијата градоначалник и негова одговорност за трагедијата во Нови Сад.

Дискусијата не беше прекината ниту кога граѓаните пред градското собрание ја поддржаа опозицијата во 15-минутната акција на бучава од свирежи во 11.52 часот. Додека траеше дискусијата, на влезот во зградата се случи инциденти, кога дел од насобраните граѓани се обидоа да влезат во Собранието.

Полицијата која го обезбедува влезот недозволи насобраната толпа да влезе во Собранието.

По пребројувањето на гласовите во Собранието на Град Нови Сад, против разрешувањето на градоначалникот гласале 48 советници, а за разрешување се изјасниле 25 советници. Едно од 75-те гласачки ливчиња во кутијата било неважечко.

Собранието не го усвои предлогот за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ. Граѓаните кои протестираа пред зградата на градското собрание се разотидоа.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека денеска во Нови Сад претставниците на поранешниот режим направиле хаос на улиците и во градското собрание со цел насилно да ја одземат таа институција, имотот на граѓаните, иако на седница беше предвидено да се разговара за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ на предлог на опозицијата.

 – Планот на претставниците на поранешниот режим беше да се започне хаос прво на улиците, а потоа почна хаос и во Градското собрание. Хулиганите на улица предводени од Маринико Тепиќ, Миливојевиќ и Ќута се обидоа насилно да влезат во Собранието, каде што не можеа да се сместат – рече Вучевиќ одговарајќи на прашања на новинарите во Палатата Србија на отворање на Самитот на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција (GPAI).