Иранските хакери од групата „Татковинска правда” вечерва реагираа со објава на Телеграм, во врска со лицето што денеска на протестот на опозицијата во Тирана го нападна опозиционерот Сали Бериша. Тие напишаа дека неговото име, Гент Шеху, се појавува во неколку полициски бази на податоци, па дури и предупредија дека во наредните денови ќе ги објават податоците за ова прашање, јави МИА од Тирана.
– Гент Шеху е во неколку полициски бази на податоци, сите игри на корумпирани политичари. Ќе продолжиме да објавуваме фајлови – пишуваат хакерите.
Бериша, во изјава по протестот, обвини дека 31- годишниот Шеху е инфилтриран полициски агент. Тоа обвинување од Бериша веднаш беше отфрлено и негирано од генералниот директор на полицијата Мухамет Румбулаку, кој рече дека Шеху ниту бил, ниту е во која било полициска структура.